Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала

На меѓунардниот атлетски митинг во Архус, Данска, под „капата“ на Светска атлетика (СА), Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала со прескокнатите 7,67 метри. Претходно македонскиот рекорд изнесуваше 7,65 сантиметри, исто така на Трајковски, поставен во 2022 година.

Трајковски е државен рекордер во скок во далечина и на отворено, 7,91 метар.

Трајковски кој од пред две години е дел од атлетската репрезентација на Македонија е роден во Копенхаген, во март 1993 година. Татко му потекнува од Македонија, а мајка му е од Данска.

Со атлетика почнал да се занимава на 12-годишна возраст, под влијание на татко му, кој своевремено, исто така, бил атлетичар, спринтер.

Една од главните цели на Трајковски, како што многупати има изјавувано, е да ги прескокне „волшебните“ осум метри, бариера која според некои податоци ја имаат поминато само 250 луѓе во атлетската историја.

Претходна вестЛевица: Во државна институција во Тетово истакнато само албанско знаме, ДПМНЕ молчи пред коалицискиот партнер Касами
Следна вестПовлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд