Левица: Во државна институција во Тетово истакнато само албанско знаме, ДПМНЕ молчи пред коалицискиот партнер Касами

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција, државен инспекторат истакнато е само албанското знаме, без државното без македонското државно знаме, велат од оваа партија. Оценуваат дека е опасен молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами.

– Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи.

Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони, истакнуваат во нивното соопштение.

Оценуваат дека е опасен молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваат дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами.

Според нив целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на државата, што се надоврзува, како што велат, на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава.

Претходна вестПодземните гаражи би можеле да се користат за загревање на водата
Следна вестТрајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала