Повлечен предлогот на СДСМ Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Предлогот за кандидатот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд е повлечен, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Македонија заврши.

Денешната расправа беше 25 продолжение на 13.седница на Комисијата на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, кој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.

Претходна вестССМ бара одговорност од Врховниот суд ако е точно дека донел одлука за одземање на Работничкиот дом
Следна вестСДСМ во 2016 не гласаше за техничката влада, а сега прашуваат дали има таков пример, велат од ВМРО-ДПМНЕ