Ракометарките во Љубљана ќе го дознаат противникот во баражот за СП 2023!

Во рамките на завршната прес-конференција на ЕХФ по повод Европското првенство за дами во Љубљана, ќе бидат извлечени плеј-оф паровите за баражот за следното Светско првенство. На извлекувањето, закажано за денес во 13:45 часот, својот противник ќе го дознае и селекцијата на Македонија.

Како репрезентација која беше дел од Европското првенство, Македонија од првиот шешир ќе добие ривал за баражот, а ќе се избегнат силни селекции како  Шпанија, Херманија, Унгарија, Романија, Словенија и Хрватска

Своите места на Мундијалот следната година веќе го обезбедија домаќините  Данска, Шведска Норвешка како и Франција Црна Гора и Холандија.

– Шешири за ждрепката за баражот за Светското првенство:

Шешир 1:  Шпанија, Романија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Германија, Србија, Полска, Македонија, Швајцарија

Шешир 2: Чешка, Австрија, Словачка Унгарија ,Португалија Исланд Италија , Грција и Турција.

Претходна вестКазнети 188 возачи во Скопје
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта има приоритет да ги полни џебовите на паразитите во време на криза