Рама на Шолц го претстави Ковачевски како премиер на идната Западна Бугарија, нашиот премиер се смееше

Kaко во странство ги гледаат македонските политичари. Дали нашите функционери се достоинствени или…? На ова прашање јавноста често бара одговор, а и коментира на социјалните мрежи. Од денеска има нов повод за коментирање, излезе на виделина една снимка од Солун каде е и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Имено, во Солун вчера со одржа самит на кој присуствуваа лидерите од регионот, но и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. По состанокот беше организирана вечера од страна на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.

На снимка од коктелот пред вечерата може да се види како Мицотакис на германскиот канцелар му го претставува Ковачевски како премиер на Северна Македонија, при што од позадина пристапува албанскиот премиер, Еди Рама, кој шеговито дофрла дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

Оваа забелешка предизвика смеа кај присутните, а силно се насмеа и премиерот Ковачевски без да негодува или барем објасни што е што и кој е кој.

Германскиот канцелар по тоа смеење само си продолжи да се поздравува со другите гости.

 

Претходна вестАМСМ: Отворен за сообраќај регионалниот пат, Росоман- Прилеп, кај место викано „Трите ленти“
Следна вестПрoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи