На заедничката прес-конференција во Тирана со украинскиот претседател Володимир Зеленски, албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш повтори дека Албанија има аспирации за влез во ЕУ, која ја опиша како „не рај, туку среќен пекол“.
– Ние сакаме да влеземе во ЕУ, за Западен Балкан е единствената реалност. Ние сме внатре во ЕУ физички, но надвор сме политички, и затоа мораме целосно да се интегрираме, не сакаме да го видиме овој организам како експлодира, бидејќи ако тоа се случи- ќе останеме без иднина. ЕУ не е рај, но е среќен пекол. Ова е најважното нешто што треба да го разбереме. Да застанеме покрај Украина без да размислуваме што ќе добиеме, туку што можеме да дадеме, порача Рама.