Рангирање на IQAir: Скопје е умерено загаден град

На скопското подрачје има континуиран пад на параметрите за загадувањето на воздухот во последните години, соопшти денеска Градот Скопје повикувајќи се на податоци од 2020 година на IQAir, организација која што има за цел да овозможи пристап на навремени информации за квалитетот на воздухот.

-Скопје се наоѓа 380-то место во светот и според рангирањето на IQAir, воздухот во Скопје е умерено загаден, како што можеме да видиме и од нивната градација. Доколку се земат превид само главните градови, Скопје се наоѓа на 17-то место оваа година но, и со тоа се бележи подобрување. Во 2018 година, од кога излегува ваквиот извештај, Скопје бил на 16-то место, а има позитивен тренд не само на позицијата на која што се наоѓа главниот град на РСМ туку и на намалување на номиналната вредности на нивото на ПМ 2.5 честички во воздухот, се наведува во соопштението

Ако во 2018 година, во Скопје се измерени 34.0 µg/m³ ПМ 2.5 честички, оваа бројка во 2019 паѓа на 32.4 µg/m³ ПМ 2.5 во воздухот а во 2020 се измерени 30.6 µg/m³.

-Како што објавил The Guardian во текст во 2012 година нивото на ПМ 2.5 честички во Скопје бил дури 45 µg/m³. Што значи дека од 2012 до 2018 година има пад од 24,5% на нивото на ПМ 2.5 честички, додека секоја година, од тогаш има намалување на вредноста за 5, односно 5,5 проценти, соопшти Градот Скопје.

Претходна вестАпел на РСБСП: Сигурносен појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајки за 50 проценти
Следна вестСо Одлуката Водно да биде заштитено подрачје ќе се запре урбанизацијата додека не се донесе план