Рашковски во 30 дневен притвор – прифатена жалбата на Обвинителството

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Кривичниот суд во Скопје и на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и на уште еден осомничен во случајот со набавката на софтверот за сообраќајки, сопственикот и управител на „Инвока гроуп“, Даниел Станчев, им одреди 30 дневен притвор, наместо досегашниот куќен притвор, соопшти попладнево Судот.

Во објаснувањето се наведува дека е прифатена жалбата на јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка.

Обвинителката Ивана Трајчева смета дека има доволно докази за имотната состојба и за начинот како тие би влијаеле на истрагата.

Истрагата опфаќа три тендери, сите поврзани со софтверот. Според обвинителството, Рашковски со еден од останатите осомничени ја договорил набавката на софтверот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки да се изготви техничката документација за јавната набавка.

Покрај овој тендер, според обвинителството, летото 2019 Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи потребни за софтверот иако во тоа време сè уште не бил склучен договор за набавката на софтверот. Така, за овие два тендери биле склучени договори во износ од 23.000 евра и речиси 75.000 евра.

Така, вкупната сума со која според обвинителството се стекнале фирмите кои ги добиле тендерите, а на штета на државниот буџет е речиси 180.000 евра.

 

Претходна вестНови 627 заразени, 47 починати – 15 се од март во приватна клиника која денеска ги пријавила
Следна вестУтре облачно, попладне со дожд