Полицијата успеала да реши убиство на скопјенец чие тело пред четири години било пронајдено кај тетовското село Стримница.
Одделот за криминалистичка полиција за ова дело поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „убиство”, предвидено и казниво по член 123 од Кривичниот законик, против лицето А.А. (26) од Гостивар.
По преземени низа на мерки и активности од страна на полициските службеници, расчистено е кривичното дело „убиство”, извршено во ноември 2017 година, при што А.А. со огнено оружје го убил Б.И. од Скопје и неговото безживотно тело го оставил на локалниот пат кај тетовското село Стримница.