Речиси половина од агентите паднаа на тестот на ФИФА

Речиси половина од кандидатите паднале на новиот тест за да можат да работат како фудбалски агенти, потври ФИФА. Од 3.800 кандидати, само 1.962 го поминале минатонеделниот тест кој ќе биде задолжителен да се работи на фудбалските трансфери и преговори за договорите на фудбалерите од октомври оваа година.

Повеќе агенти и адвокати во Европа покренаа повеќе тужби против ФИФА обидувајќи се да ги блокираат новите правила на ФИФА со кои ќе се ограничат провизиите кои ги добиваат агентите во индустрија која носи стотици милиони евра годишно. Втората рунда на испити ќе биде во септември, кои чинат 600 долари и мора да се одговорат точно 75 отсто од 20-те прашања.

Долгогодишните агенти можат да бидат изземени од тестот ако аплицираат до септември, но и тие ќе мораат да одат на дополнителна обука.

ФИфА сака да ја ограничи заработката на агентите на максимум од 10 отсто од трансферот, а исто така да се ограничат на 3 отсто од платата на фудбалерите ако заработуваат над 200.000 долари годишно или 5 отсто од нивната плата ако имаат заработувачка помала од 200.000 долари.

Претходна вестГрупа граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април
Следна вестСпасовски: Криминaлитетот намален за 12, 26 проценти