Речиси секоја втора казна била за пребрзо возење

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, соопшто денска МВР.

Имало и осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за користење на мобилен телефон, девет за прекршоци што ги чинат пешаците и 17 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти полицијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестДенес граѓаните ќе може слободно да се движат
Следна вестФилипче ќе се вакцинира со кинеска вакцина, сите биле со еднаков квалитет