Регионални пунктови за вакцинација се отвораат и во Струмица, Прилеп и Велес

Владата донесе одлука за формирање на регионални центри за ковид-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес и го задолжи Министерството за здравство, во соработка со општините Струмица, Прилеп и Велес, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против ковид-19 во овие градови.

Со оваа одлука Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.

Масовна вакцинација засега се одвива во неколку градови во државата и тоа во „А1 арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Според утринските податоци од Министерството за здравство, заклучно со вчера се вакцинирани 145.043 граѓани, а од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, додека ревакцинирани се 23 862 граѓани, 303 000 граѓани се пријавени за вакцинација на страницата vakcinacija.mk.

Претходна вестГрад Скопје: Постапката за субвенционирање инвертер клими е водена транспарентно 
Следна вестБројот на заразени е 171, но на починати од ковид е 26