Реконтруирани повеќе улици во Припор, Црниче и Пржино

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека се реконстурирани повеќе улици во населените места Припор, Црниче и Пржино. Тој посочи дека се реконструирани улици со површина од 14 илјади м2 кои со децении биле заборавени од минатите локални власти.

„И еве сме денес, на половина од мојот мандат каде со гордост можам да кажам дека направивме повеќе од предвиденото, си поставивме цел и докажавме дека со многу труд, посветеност и желба за работа се стигнува до целта.

А целта е населбите во општината да бидат модерни и да ги нудат сите потребни услови за живеење.

Продолжуваме понатаму, напред со поддршката на мојот народ и со посилна мотивација за да напраиме уште сериозни промени“ напиша Ѓорѓиевски.

Претходна вестУбиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије
Следна вестСрбија испраќа хеликоптери за помош во гаснењето на пожарите