Рекорден број на новозаболени – 120, во Скопје дури 67

Во изминатово деноноќие регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 од вкупно 953 тестирања, соопшти пред малку Министерството за здрасвтво. Од нив, најголем број на новозаболени има во Скопје – 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2,- Гостивар 1, Неготино 1 и Струмица 1.

Од регистрирањето на првиот случај на корона вирусот во Maкедонија ова е досега најголемиот број на новоизаболени пациенти во еден ден. До сега, најголем број од 107 новозаболени имаше на 16 април годинава кога вирусот беше откриен кај 107 граѓани. Тогаш надлежните изјавуваа дека тоа е пикот на болеста по која бројот на новозаболенит еќе се намалува. Висока бројка на новозаболени имаше и вечера – 101 пациент.

Инаку, во последните 24 часа починаа и двајца пациенти.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни, се наведува во инфорамцијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти: Скопје 8, Штип 3,Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Битола 1.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843, инфорамира Министерството.

Досега во Македонија се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.