Се судриле мотор и велосипед на Водно, двајца се тешко повредени

Вчера на патот од Средно Водно кон Сопиште се случила сообраќајна незгода помеѓу мотор, управуван од П.С.(22) од Скопје, и велосипед, управуван од Б.П.(32) од Скопје.

По незгодата, двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЧибишев: Нема да изненади ниту ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени
Следна вестРекорден број на новозаболени – 120, во Скопје дури 67