Ресенчанец си купувал на интернет со картичката на 82-годишна скопјанка

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, вчера во 18:00 часот, го лишиле од слобода С.С.(38) од село Стење-ресенско со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ извршена во периодот од 21.08. до 15.10.2021 од оштетената В.С.(82) од Скопје.
Таа пријавила дека од нејзината платежна картичка и биле повлечени 62.000 денари. По преземени мерки и активности утврдено е дека пријавениот е сторител на кривичното дело. Со него бил извршен службен разговор во кој во целост го признал извршувањето на кривичното дело.
Имено тој ја сликал картичката на оштетената и истата во повеќе наврати ја употребил на интернет сајт, каде потрошил 62.000 денари. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосното документирање ќе следи соодветна кривична пријава. 
Претходна вестГрабеж во банка во Капиштец, еден од разбојниците пукал
Следна вестУкраинската амбасада објави повик за учество во Меѓународната легија – кај нас тоа е кривично дело