Рисицата Атиџе повторно снимена во мавровските шуми по четири години

По цели четири години рисицата Атиџе повторно се појави пред камерата инсталирана во мавровските шуми со цел де се следи движењето на живтотните. Македонското еколошко друштво (МЕД) објави видео во кое се гледа дека рисицата Атиџе сè уште талка во шумите на Националниот парк „Маврово“. Пред четири години таа беше заловена и обележана со околувратник.

Рисицата Атиџе од страна на Македонското еколошко друштво беше означена близу селото Ничпур, во НП „Маврово“. Атиџе тогаш беше тешка 14,5 килограми, а стара околу 10 години. Преку околувратникот, како и сите обележани рисови, испраќа локации за своето движење.

Според Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН), рисот е животно со критично загрозен статус.

Претходна вестМенкиноски: Се чувствувам горд што го истакнав знамето од Кутлеш
Следна вестУапсена е криминална група која криумчарела мигранти од Непал и Сирија