Екипата на ЦСКА Москва од која дел е македонската ракометарка Сара Ристовска издвојува победа над Звезда Звенигород од 30:26 во првиот натпревар во четвртфиналето во рускиот шампионат.
Фаворитот имаше проблеми во првото полувреме кое му припадна на противникот со 13:12, но по паузата ЦСКА одигра на повисоко ниво, имаше подобри решенија во нападот, односно беше поефикасна и со 18:13 на крајот стигна до триумф од пет гола разлика.
Македонската репрезентативка Ристовска беше прв стрелец кај клубот од Москва со четири гола од исто толку обиди.
Наредниот меч во серијата е закажан за 27 април.