Одличниот Ристовски стави рампа на својот гол и Вардар да го собори Алборг

Одличниот голман Борко Ристовски имаше фантастични 16 одбрани, а во нападот Оливие Њокас, Тимур Дибиров и Жереми Тото беа супер-расположени за втора победа на РК Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите, со импресивни 30:28 (16:16) над данскиот Алборг.

Гостите имаа долго време плус 3 гола предност во првото полувреме, но Вардар успеа да отиде на пауза со 16:16, пред во второто полувреме целосно да го надиграат минатогодишниот финалист од ЛШ, и да имаат четири гола предност, пред конечните 30:28.

Њокас заврши со седум голови, Дибиров заврши со шест, а Тото со пет гола, додека на голот беше фантастичниот Ристовски со 16 одбрани, за победа која ги носи Вардар на првото место на табелата во групата А со две победи и едно реми во три меча.

Актуелниот европски шампион, Барселона, пак, во драматичен меч загуби со 29:28 на гостувањето кај Веспрем, додека Кјелце со 25:24 триумфираше кај Мотор во мечеви во групата Б.
Фото: РК ВАРДАР

Претходна вестНајпознатиот балкански оркестар, Белградската филхармонија, на 9 октомври во Скопје
Следна вестГраѓаните сѐ повеќе плаќаат со картичка, наместо со кеш