Најпознатиот балкански оркестар, Белградската филхармонија, на 9 октомври во Скопје

Белградската филхармонија, еден од најдобрите балкански оркестри, на 9 октомври ќе гостува во Македонската филхармонија. Со почеток во 20 часот, љубителите на оркестарските изведби ќе уживаат во звукот под диригентската палка на Германецот Габриел Фелц.

Според светските медиуми, Белградската филхармонија е култен српски оркестар (Financial Times), еден од водечките европски оркестри (Independent), оркестар кој гледа само напред (Washington Post) и ансамбл кој со себе носи голема доза наследство и гордост (New York Times). Во 2017 година започна традиција на концерти на отворено кои бележат историски успех и се едни од најголемите од областа на класичната музика на Балканот. Повеќе од 30 илјади луѓе присуствуваа на првиот концерт кој го водеше шеф-диригентот Габриел Фелц, а како специјален гостин настапии познатиот Зубин Мехта.

Габриел Фелц е шеф-диригент на Белградската филхармонија од сезоната 2017/18 година. Годините пред тоа бил генерален музички директор на Дортмундската опера и шеф-диригент на Филхармонијата во Дортмунд.

Претходна вестЌе има ли тужби за министерката за образование и останатите надлежни оти нема учебници?
Следна вестОдличниот Ристовски стави рампа на својот гол и Вардар да го собори Алборг