РК „Алкалоид“ дебитира на европската сцена, играчите со мала трема…

Денеска РК „Алкалоид“ ќе го има своето деби во натпреварувањата кои се во организација на ЕХФ. Македонските ракометари, во Лига Европа, ќе го пречека шампионот на Србија, „Војводина“.

Легендарниот Кирил Лазаров, кој е тренер на РК Алкалоид, истакна дека е претпазлив и во исто време оптимист за стартот на неговите ракометари во второто по квалитет натпреварување на ЕХФ.

-Ова е историски натпревар за нашиот клуб. Ќе пробаме да бидеме компетитивни, конкурентини, да го дадеме нашиот максимум и достојно да се претставиме. Очекувам квалитетен натпревар, се надевам дека моите играчи ќе одговорат на притисокот. Моите играчи чувствуваат мала трема, но тоа е нормално и јас сум бил ракометар и знам како е тоа, но тоа е добар знак. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека ќе имаме шанса да ја изненадиме Војводина, истакна Лазаров

Инаку, средбата РК Алкалоид – РК Војводина се игра од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Претходна вестСкопјанка претепана од своите синови
Следна вестИзбрана најомилената „дебела“ мечка за 2023 година во САД