Робот вработен во градската управа се „самоубил“, фрлајќи се по скалите

Робот супервизор „вработен“ во Градскиот совет на Гуми во Јужна Кореја го прекинал своето постоење додека бил на работа, фрлајќи се по скали, соопшти административното тело, пишува „Франс 24“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на ВиберВеста за првото „самоубиство“ на робот во Јужна Кореја ги шокираше локалните медиуми и покрена прашања за придобивките од вештачката интелигенција на работното место. Инцидентот бил пријавен во градскиот совет на Гуми во средата, откако било откриено дека нивниот прв робот, кој бил административен асистент, паднал по скалите и престанал да работи.

Инцидентот се случил минатата недела; роботот бил забележан како „се врти во место како нешто да не е во ред“ пред стрмоглаво да се спушти два метри по скалите.

– Деловите од роботот се собрани и производителот ќе ги анализирa, рекол функционер од градскиот совет за АФП.

Роботскиот асистент, произведен од стартапот „Бер роботикс“ со седиште во Калифорнија, ја презел административната улога во советот минатиот август. Роботот имал своја официјална картичка и работел од 9 до 16 часот, пренесувајќи документи низ зградата, помагајќи им на посетителите и на друг начин промовирајќи го градот.

„Смртта“ на роботот длабоко ги растажила вработените во Градското собрание и во моментов не се разгледуваат планови за усвојување на нов робот.

– Официјално е дел од градското собрание, тој е наш член. Вредно работеше, рекол функционерот на градското собрание.

Локалните медиуми го опишаа инцидентот како прво „самоубиство на робот“ што се случило во земјата.

Уште една „смрт“ на робот е забележана претходно во Вашингтон, кога безбедносниот робот по име Стив се „удавил“ во фонтана. Анализата на црната кутија утврдила дека Стив се лизнал и паднал и дека не го мачеле „мрачни мисли“.

Фото: X

Претходна вестАлбански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб
Следна вестМицкоски: Договорот за добрососедство е веќе репреговаран со „францускиот предлог“, кон него може да се додаде и друг предлог со македонските барања