Родител пријавен за вознемирување на директорката и вработени во гимназијата „Јосип Броз Тито“

?????

Според информации на Канал 5 станува збор за таткото на една од двете малолетнички кои неодамна физички нападнаа 15 годишна соученичка, која се здоби со повреди.

„На 23.02.2024 во 17.50 мин. Во ПС Центар А.Д., педагог во средно училиште во СКопје, пријавила дека таа, директорката и вработени во училиштето биле вознемирувани од М.К., родител на ученичка. “ – МВР

Според информациите по инцидентот една од ученичките која учела во скопската гиманзија, била префрлена во друг клас, а таткото, највројатно незадоволен од ваквата одлука почнал да ги вознемирува вработените во училиштето. Канал 5 се обиде да стапи во контакт и со директортака на училиштето, но таа не одговори на нашите повици.

– Тука пред гимназијата Јоспи Броз Тито, е поставен и билборд на кој што е испишан зборот Правда. Според засега неофицијални информации билбордот е поставен токму од овој родител, кој во знак на револт и незадоволство од одлуките на раководството на училиштето го поставил билбордот…..

Иако засега нема официјална потвра дали се работи за истото лице, сепак иницијалите во пријавата на МВР и името кое е испишано како нарачател на билбордот се совпаѓаат.

На 14 месецов и обвинителството поведе постапки против двете малолетнички. Според обвинителите тие ја загрозиле сигурноста на девојчето, вршејќи грубо насилство кон неа. Девојчињата најпрвин разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле нивната соученичка и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со цел расчистување на случајот, како што соопштија од ОЈО во текот на постапката ќе се сослушаат учесниците во тепачката, сведоци на настанот, ќе се прибира и вештачење на видот и карактерот на повредите, ќе се обезбедат снимки од сведоци на настанот, мислење од Центарот за социјални работи.

Претходна вестКатегорично отфрлање на уцените: ВМР0-ДПМНЕ нема да преговара за барањата на ДУИ – државата е заложник во рацете на ДУИ, време е да ги потиснеме во опозиција, вели Петрушевски
Следна вестСо илјадарка сега купуваме 3, наместо 4 килограми пилешко: Трајко Славески објаснува зошто не е за фалење просечната плата од 40.000 денари