Родителите на учениците во Чашка ги радикализираа протестите со блокади на улици

Родители на учениците во ОУ Тодор Јанев, Чашка ги радикализираа протестите, па утрово три часа го блокираа патниот правец Велес-Извор-Прилеп. Ниту се влегуваше, ниту се излегуваше од Чашка. Децата скоро три месеци не се во училишните клупи. Од Советот на родители обвинуваат дека надлежните немаат слух за нивните барања. Протестите започнаа откако беше формирана албанска паралелка за пет деца, а за која од Советот тврдат дека е незаконски отворена.
Инспекторите на 19-ти декември влегоа во училиштето, по што е утврдено дека пет ученици од албанска национална припадност се запишани во прво одделение во паралелка, каде наставата се изведува на македонски јазик. За биде формирана паралелка на албански јазик, мора да бидат направени измени во Статутот на училиштето.

Градоначалникот на Чашка, смета дека овој проблем бара темелно решение, а не привремено. Стои на ставот дека треба да се постапува по законот, а ингеренциите да му бидат вратени нему, кои претходно му беа одземени во јули, претходната година.

Денеска во Влада, со почеток во 16 часот, министерот Шаќири, премиерот Џафери и градоначалникот на Чашка ќе седнат на иста маса и ќе се обидат да скројат решение на овој проблем, зад кој, се поочигледно е дека неговата суштинска заднина е политика, поточно подготовка на теренот за следните локални избори.

Претходна вестСами напишете си „НМК“ на возилата?
Следна вестМаж во Германија се јавил во банка и рекол дека е директор, му префрлиле 180.000 евра