Родителски протест пред Владата, се бара заедничко родителство по разводот

Зедничко родителство по разводот на двајцата сопружници се побара на денешниот протест пред Владата организиран од здружението „Наши“. Тие потенцираат дека децата во Македонија се жртва на систем кој не води гружа за семејни вредности, бидејќи по развод, дури и ако се договорат родителите за заедничко старателство, нашиот закон тоа не го предвидува. Па така, постои поделба на родителите – на старател, кој има целосни родителски права и родител во отсуство, кој практично нема право врз развојот на детето. Граѓанските организации на протестот порачаа дека македонскиот закон што ја регулира оваа проблематика е од 70-тите, најстар во регионот и крајно дискриминаторски.

-Ние сакаме да го спречиме овој тренд, детето да не го губи сопствениот родител без потреба. Ако има добра причина едниот родител да не го гледа детето, тоа да го прави судот, а не центарот за социјални работи како што е сега. Јас можам да дадам изјава против жената и центарот постапува само по таа изјава, рече претседателот на здружението „Наши“, Сашо Панговски.

Оттаму велат дека вака поставениот закон, за жал, овозможува поради лажни изјави да се одзема старателство. Изјави се даваат во социјално, каде нема одговорност за кажаното, наместо во суд,

-Децата се одземени од едниот родител, додека еден од нив не ги добие согласно решение издадено од центарот за социјално, само тој родител има право на тоа дете и решението кое што го издава, ги доверува децата само на еден родител, а не на двајцата, истакна родителката Ивана Коцева.

Тие се залагаат да се унапреди македонското законодавство при што заедничкото родителство ќе биде прва опција за родителите. Од таа опција треба да се отстапува само ако има цврсти докази зошто едниот или двајцата не се подобни за такво, за заедничко родителство.

Претходна вестМицкоски: Победуваме со силата на многумина кои мора да излезат на гласање ако сакаат промени
Следна вестРодители на ученик им се заканувале на директорка и наставничка