Родители на ученик им се заканувале на директорка и наставничка

Родители се заканувале на вработени во училиште во кое настава посетувало неговото дете, информираа од МВР.

Во текот на вчерашниот ден во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека Б.З. родител на ученик во училиште на подрачјето на Карпош, како и неговата сопруга, телефонски се заканувале на директорката на училиштето, наставничка и родител на ученичка, а потоа се обидел и да влезе во училиштето.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестРодителски протест пред Владата, се бара заедничко родителство по разводот
Следна вестСончево и топло до 28 степени