ВМРО-ДПМНЕ: Да ја вратиме Македонија на народот

Промените во Македонија се неопходни. Со оваа власт на ДУИ и СДС, Македонија тоне во сиромаштија, криминал, корупција и безнадежност. Апатијата и поразите мора да бидат заменети со напредок и успеси. Тоа е можно со Платформата 1198 која нуди реални и остварливи проекти и мерки, објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните избори го нуди концептот „Македонија повторно твоја“, концепт кој се базира на реформи, проекти и многу работа, концепт кој ќе донесе правда, ред и функционалност на системот. Секој од граѓаните може и мора да биде дел од промените кои насушно се потребни на Македонија. Промените се во рацете на секој поединец. Тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее и каква иднина сака за себе и за своите поколенија.

Сега е последниот час кога секој човек треба да одбере дали ќе дозволи Македонија да пропаѓа во бездната со ДУИ и СДС, или ќе почнат силни и просперитетни промени и реформи на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Изборот е јасен, исто како што е јасна и разликата на понудите.

Почитуван граѓанин, да ја направиме Македонија повторно твоја. Време е за промени. Промените зависат од секој од вас. Промените се во твои раце. Да ја вратиме Македонија на народот, се вели во соопштението.

Претходна вестЗакажан втор концерт на проектот „Македонисимо“
Следна вестПосле дождот излегува сонце и дупка на патот