Темен режим Режим на светлина

Закажан втор концерт на проектот „Македонисимо“

По распродадениот прв концерт на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, закажан за 1 април, Камерниот оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп закажа втора концертна изведба.

Втората изведба ќе се одржи на 31 март со почеток во 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија.

– Со оглед на програмскиот распоред на учесниците и достапноста на големата сцена на Македонската филхармонија, но и на почитта кон веќе потврдените концерти на други македонски музички уметници, вториот концерт ќе се одржи ден порано, на 31 март, стои во соопштението на КултурОп.

Како што информираат од КултурОп, двете концертни вечери ќе го означат стартот на првото издание на „Скопје интернационалниот музички фестивал“ што го организира Камерниот оркестар „АЈГА“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот

Власта делеше милиони евра за субвенции, но земјоделието не пркна

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Да ја вратиме Македонија на народот