Посебен сообраќаен режим во делови од Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 09.00 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, стои во соопштението.

Претходна вестРуски рибар пронајден шест месеци по исчезнувањето, преживеал и на – 39 степени
Следна вестЗа пожарот над селото Вешала на Шара се бара воздушна поддршка