Kапитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, тврди дека тој е стрелец на првиот гол за својата селекција на мечот против Уругвај. Тој вели дека ја удрил топката со глава по нафрлувањето на Бруно Фернандеш за водство од 1:0.
ФИФА официјално голот му го припиша на Бруно. Додека го напушташе теренот по мечот, Роналдо во камерата викаше „Ја допрев топката, ја допрев топката“.
Потоа и на новинарот Пирс Морган, со кого неодамна го направи контроверзното интервју, му се доверил дека имал удар со глава и дека тој ја испратил топката кон голот на Уругвај.