РСБСП: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол  

Aпел do сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да не возат кога се уморни или кога се под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина, упати денеска Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

На возачите кога се упатуваат на подолги патувања им се препорачува да ја проверат техничката исправност на возилото, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци.

Во рамки на кампањата „Безбедно лето 2022“ се реализираат летна кампања под мотото „Вози одморен“ и кампања „Носи кацига“ наменета за возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, и кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот, преку едукација и подигање на свеста кај возачите за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило.

-Возете одморени, возете безбедно, додаваат од РСБСП.

Претходна вестЕврокомесарот Вархеји се закани: Ова е момент за отрезнување на С. Македонија, зашто Албанија сега може да продолжи и сама
Следна вестКравињо: Не очекувам повторно да се покрене билатералното прашање со Бугарија