Денеска беше урнат бесправно изграден објект во Скопје Север. Како што соопшти градоначалникот на Бутел кој беше на уривањето на местото на нелегалниот објект ќе никне парк.
– Ова беше децениски и многу голем проблем на граѓаните од ова населено место, узурпаторите покрај тоа што го прекршиле законот, имале исклучително лош однос со населението. Сè додека јас сум градоначалник на општина Бутел, законите ќе важат за сите еднакво, без отстапки. На ова место, по отстранувањето, ќе изградиме нов парк и ново урбано катче за жителите од Скопје Север. За мене, додека сум градоначалник, сите граѓани ќе бидат исти и еднакви!, рече Костовски.