Русија потпиша воени договори со 40 африкански земји

Русија потпиша договори за воена соработка со повеќе од 40 африкански земји, објави вчера во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин.

-Со цел да ја зајакнеме одбранбената способност на земјите од континентот, развиваме партнерство во воената и воено-техничката сфера, рече Путин за време на последниот ден од вториот руско-африкански самит.

Русија, како што кажа Путин, ги потпишала договорите за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански земји, на кои им доставува широк спектар на оружје и опрема.

Првиот човек на Русија рече дека африканските земји добиваат оружје и технологии, некои бесплатно „со цел да се зајакне безбедноста и суверенитетот на земјите“.

Претставниците на африканските земји се поканети активно да учествуваат на воените форуми организирани од Русија, кои се занимаваат со техничките аспекти на оружјето, како и вежби со цел да се запознаат со опремата и нејзината употреба.

Текст и фото: Макфакс

Претходна вестOткриен нов тип на коронавирус: Има повеќе oд 113 мутации, може да се биде болен со месеци
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Постои основан сомнеж дека Груби го добил „аудито“ затоа што влијаел врз милионски тендер и купопродажба на хотел на Попова Шапка