Oткриен нов тип на коронавирус: Има повеќе oд 113 мутации, може да се биде болен со месеци

Третманот на пациент во Индонезија ги запрепасти научниците кои го открија сојот со најмногу мутации на коронавирусот досега. Овој вид има повеќе од 113 мутации, двојно повеќе од омикронот, пишува „Дејли мејл“.

Научниците за сè уште неименуваниот вид велат дека е најекстремниот што некогаш го виделе, но немаат докази дека може да се прошири. Самото ширење, велат тие, нема да доведе до карантин.

Заразениот пациент не го преболува вирусот за неколку недели, туку страда од продолжена инфекција неколку месеци.

Инфекции како оваа се јавуваат кај пациенти со компромитиран имунолошки систем, како што се оние со Сида или оние кои се подложени на хемотерапија за рак.

-Како што вирусот се шири и продолжува да мутира, тоа неминовно ќе резултира со сериозни инфекции кај најчувствителните, а исто така ќе го зголеми бројот на оние кои го трпат товарот на долгорочните последици од инфекцијата, изјави вирологот Лоренс Јанг.

Претходна вестСо нож прободен началникот на Полициската станица во Струга
Следна вестРусија потпиша воени договори со 40 африкански земји