Со нож прободен началникот на Полициската станица во Струга

Жител на струшкото село Велешта вчера попладне со нож го прободел началникот на Полициската станица во Струга. Напаѓачот бил 44-годишен, кој бил приведен по нападот на началникот. Повредениот началник Дритрон Ајро веднаш бил префрлен Струшката болница каде е хоспитализиран на Хируршкото одделение со повреди на вратот и е надвор од животна опасност.

-Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С. Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата Ристо Крле во Струга со остар предмет го нападнал А. Д. (46) од Струга. А. Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти СВР Охрид.

Началникот бил повреден со нож во грлото при што му била нанесена рана од 11 сантиметри.

-Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакнаа од СВР Охрид.

Претходна вестСончево и топло, температурите до 36 степени
Следна вестOткриен нов тип на коронавирус: Има повеќе oд 113 мутации, може да се биде болен со месеци