Рускиот министер Шојгу: Нашите загуби во Украина досега се 5.937 мртви

Нашите загуби во Украина се 5.937 мртви, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Ова е првпат официјален извор од Русија да ги објави воените загуби во воената операција во Украина од крајот на март, кога бројот на убиени војници изнесуваше 1.351, според Министерството за одбрана.

Тој, исто така, ја пофали работата на воените медицински лица, велејќи дека 90 отсто од руските војници кои биле ранети за време на борбите можеле да се вратат во акција по лекувањето.

Исто така, Шојгу рече дека Украина изгубила повеќе од 61.000 војници од почетокот на „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува окупацијата на земјата.

– Украина веќе изгуби половина од својата армија. Од повеќе од 100.000 луѓе, 61.207 загинаа, а 49.368 беа ранети, рече тој.

Од друга страна, Украина тврди дека Русија од 24 февруари до денес изгубила речиси 55.000 војници.

– Навистина сме во војна со колективниот Запад плус НАТО. Кога зборуваме за тоа, не мислиме само на оружјето што се доставува во огромни количини, туку секако и на системите. Тоа се комуникациски системи, системи за обработка на информации, рече шефот на руската одбрана.

Претходна вестЦГК: Секоја втора фирма смета дека јавните набавки се прават „со врски“
Следна вестОблачно со ветер од северен правец