Северноатлантскиот совет денеска одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг, објави денеска НАТО.
На интернет страницата на Алијансата се наведува дека Руте ќе ги преземе функциите како генерален секретар од 1 октомври 2024 година, кога мандатот на Столтенберг истекува по десет години на чело на Алијансата.
ФОТО: НАТО