Саемот на книга ќе се одржи на отворено, од 8 до 14 септември

Од 8 до 14 септември ќе се одржува Саемот на книгата на истата локација, односно А1 Арена- Спортски центар Борис Трајковски, но овој пат на отворено. Поточно, локациски, изложувањата ќе бидат стационирани непосредно до Аква паркот.

Мотото и оваа година е „Безбедни саеми“, а организаторите сметаат дека овој настан е еден вид духовна храна за Скопје, па не смее да се пропуштат шансите да се одржи.

Претходна вестКолку далеку ќе стигнат независните кандидати за градоначалници? Собрани потписи за 32 листи…
Следна вестСончево со умерена локална облачност и со температури до 34 степени