Home АКТУЕЛНО Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого во Уставен суд, само прашав – што ако настанат убиства?

Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого во Уставен суд, само прашав – што ако настанат убиства?

0
Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого во Уставен суд, само прашав – што ако настанат убиства?

Не сум му се заканил на никого во Уставен суд, само сум поставил прашање „Што ако настанат убиства?“, изјави денеска претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски. На прес-конференцијата тој потврди дека вчера бил повикан во полиција ви врска со пријавата од претседателот на Уставниот суд.

Ибраимовски посочи дека тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.

– Јас сум поставил само едно прашање – што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: „ќе земам пиштол“ и дека: „ќе отепам некого“ или „јас ќе се отепам“. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите, истакна Ибраимоски.

Според Ибраимовски, главниот проблем и прашање кое јавноста треба да го постави е како е можно еднаш Уставниот суд да отфрли иницијатива за преиспитување на законитоста и уставноста на измените на Законот за облигациски односи, а потоа истата своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

– Најголемата лакрдија во оваа игра на Уставниот суд е тоа што при првото отфрлање на иницијативата беше детално образложено и појаснето зошто истата се отфрла, односно беше наведено дека законот се однесува за постапки кои се во тек и не се завршени и со вакво законско решение не се врши дискриминација ниту се кршат уставните начела. Тоа го потврди и Венецијанската комисија. Сега повторно на исти околности, Уставниот суд ја преиспитува сопствената одлука. Дали со ваквото постапување на највисокиот суд во државата, односно судот кој е чувар на Уставот, а со тоа и на супрематните вредности на едно општество, граѓаните ќе чувствуваат правна сигурност или пак ќе се создаде правна конфузија? Односно атомска бомба за граѓаните. Дали со ваквото постапување Уставниот суд се става на позиција на Собрание, на позиција на Влада, и како што се менуваат Уставните судии, така и ќе се менуваат стратегиите на судот, па ќе се менуваат закони и слично, истакна Ибраимовски.