По неодамнешниот страшен настан во белградското училиште каде беа убиени повеќе деца се растрчаа и во македонското министерство за образование. Како да се заштитат децата од меѓуврсничко насилство, а и да има поголема безбедност во училиштата?
Тоа беше главното прашање на кое се бара одговор. Да, одговор требаше да се бара и порано, ама ете добро е што и сега им текна.
И еве најново е дека Министерството за образованиеподготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. Основа на процесот биле заклучоците што произлегле од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата.
– По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница. Во меѓувреме, секој конструктивен предлог е добредојден, се наведува во соопштението.
МОН ќе работи и на креирање на сеопфатни протоколи за подигнување на безбедноста во училиштата и прирачници за постапување во случај на детекција на меѓуврсничко насилство.
Колку сето ова експедитивно ќе биде реализирано останува да се види. Не би било добро и овој пат да се исполнителни како за дел од учебниците, за новите предмети кои се фузираат, за…