Само ќе се бројат ли фатените малолетници со марихуана?

Стануваат ли малолентиците се побројни конзументи на опојната дрога марихуана? Вакво прашање се наметнува гледајќи ги полициските извештаи за откриени лица кај кои при претреси била пронајдена оваа недозволена супстанца.

Еве примери од минативе неколку денови: Марихуана била пронајдена кај 17-годишниот малолетник на бул. „Илинден“, па на бул. „Гоце Делчев“ прво била приведено 16-годишното девојче откако полицајците и нашле марихуана, па на улицата „Анри Барбис“ истата дрога е најдена и кај 17- годишниот малолентик...

Вака е се почесто, но освен што тие се евидентираат во полициските билтени и се наведува дека против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, дали општествените институции најавуваат дека нешто ќе биде преземено? Родителите што прават?

А дека состојбите се загрижувачки покажува и пред две години спроведената ЕПСАД-студија чие истражување на 2.400 средношколци покажало дека 780 користело марихуана…

Зарем сите очи се вперени само во изборна кампања, не се гледа ли што се случува со младината?

Претходна вест„Скопје во три бои“ е првиот концерт на отворањето на „Скопско лето“ во понеделник
Следна вестШилегов, Марин, Богоев… повеќе му одмагаат отколку што му помагаат на Заев за изборите