Само вчера за пребрзо возење казнети 819 возачи

Во текот на вчерашниот ден МВР напиша 819 казни за пребрзо возење.

Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 424 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 395 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Претходна вестЗеленски со критики за НАТО, Русија со прекин на огнот за цивилите да го напуштат Мариупол
Следна вестДел од Центар без вода порди дефект на мрежата