Дури 28 возачи биле фатени од страна на полицијата како управуваат со возилата без возачка дозвола во текот на вчерашните полициски контроли во скопската населба „Методија Андонов – Ченто“. Инаку, во текот на акциската контрола биле санкционирани вкупно 103 возачи од што излегува дека секој трет возач бил казнет поради овој сериозен сообраќаен прекршок.
-Изречени се и 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење на мобилен телефон, соопшти МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови