Само за последните десет дена починаа 76 пациенти, ќе се бара ли помош?

Справувањето со корона вирусот во Македонија станува се потешко и со се поголеми последици. Денешниве 12 починати пациенти се најцрн биланс кој досега е забележан во земјава откако на 22 март годинава е забележан првиот смртен случај од корона вирусот. Претходно, најтешки последици и најголем број на починати пациенти биле забележани на 20 јуни кога вирусот бил фатален за 11 лица.

Инаку, само во периодот на последните 10 дена починале дури 76 лица. Со тоа вкупната бројка достигна до скоро 300 починати, поточно 298 лица ја загубија битката во корона вирусот. Значи, во овој десетневен период се случиле една четвртина од сите смртни случаи во Македонија поврзани со Ковид-19.

Здравствените власти до сега даваа објаснувања за причината на голем број на смртни случаи.

-Над 30 проценти од смртните случаи се од првиот до петтиот ден од хоспитализацијата, што е доказ дека пациентите, за жал многу доцна доаѓаат во болница. Најголем дел од починатите имале и претходни заболувања, изјави неодамна Филипче.

На неговата фејсбук страница денеска голем број на граѓани беа искажаа шокираност и разочараност од голем број на смртни случаи.

-Починати 12 лица. Не мислите ли дека треба да побарате некаква помош, консултација, или не знам што од државите каде што смртноста е на пониско ниво. Очигледно немаме капацитет да се лечат тешките случаи. Лесно е да речете дека се излекуваа тие што немат симптоми или се со лесна клиничка слика. За успех ќе се смета ако се спасат што повеќе животи, а не да се вадите, демек, имаа други болести, порача една граѓанка.

Претходна вестЧичко ги малтретирал внукот и внуката, едното дете го врзал за дрво во Градски парк
Следна вестО2: Водно е доказ дека кога мислат на зеленило – мислат само на бојата на банкнотите