Чичко ги малтретирал внукот и внуката, едното дете го врзал за дрво во Градски парк

Две деца биле малтретирани во Градски парк од својот чичко. Имено, Обвинителството бара притвор за 46-годишник кој ги малтретирал своите внуци.

Според информациите во јавноста, настанот се случувал вчера во Градскиот парк.

Чичкото, кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стебло на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Посетител во паркот го забележал настанот и снимил видео, по што случајот го пријавил во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомничениот, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз децата со кои е во крвно сродство, како и поради можност да го повтори делото.​