Самостојна изложба на Иван Ивановски се отвора вечерва во МКЦ

Вечерва се отвора самостојната изложба на ликовниот уметник Иван Ивановски насловена како „Релапс“, во галеријата на Младинскиот културен центар.

-Изложбата насловена „Релапс“, е сложена целина од составена од неколку серии слики во различни формати кои на интересен начин се испреплетуваат на галериските ѕидови, но особено преку специфичното фрагментирање во каталогот. Иван Ивановски поставува едно клучно прашање за позицијата на човекот во урбаната средина, како маргинален елемент, за дезориентацијата, за обидите да се разбере времето во постисториската сегашност. И секако за аналогната слика во дигиталниот свет, која се спротивставува на својата одамна најавена смрт, и е во активна релација со други слики, асоцијативно градејќи јазик кој ја прави видлива нашата дехуманизација, но истовремено и се спротивставува преку психоделична разиграност на елементите, ќе рече кураторот во пресрет на отворањето на изложбата Владимир Јанчевски.

Претходна вестДивиот пазар кај „Пролет“ работи турбо пред носот на државниот инспекторат, пред полицијата…
Следна вестПроменливо облачно со слаб ветер