Санирано оштетувањето на мостот во Драчево

Санирано е оштетувањето на мостот во Драчево, соошти денеска ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму додаваат дека санацијата е извршена за помалку од 24 часа.

-Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево. Градежните работи и асфалтирањето беа извршени во најкус можен рок и мостот денес од 13 часот е биде пуштен во употреба, соопши ова градско јавно претпријатие.

Претходна вестКовачевски: Го затвораме прашањето на предвремените избори, ќе има редовни во 2024 година
Следна вестСончево и топло, температура до 34 степени