Санкционирани 140 лица во Скопје, еве за што ќе треба да плаќаат казни

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за користење мобилен телефон при возење…

Претходна вестРеакција од СДСМ: Лажни вести на ДПМНЕ, МЕПСО не се продава
Следна вестМинувачи нашле починат маж на кејот на Вардар, полицијата врши увид