Санкционирани 30 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа од 23.00 часот до 05.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол каде што се санкционирани 30 возачи.

– При контролата констатирани и законски санкционирани се 30 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај и ќе бидат соодветно санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци, информираат од МВР.

Оттаму апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

Претходна вестМисајловски: Ковачевски се смее на понижувањата на Македонија. Оставка!
Следна вестЕден загинат во сообраќајна несреќа меѓу мопед и автомобил кај Богданци