Еден загинат во сообраќајна несреќа меѓу мопед и автомобил кај Богданци

46-годишно лице починало во сообраќајна несреќа меѓу мопед што го управувал починатиот и патничко возило, на регионалниот пат – обиколница Богданци, соопшти полицијата.
Имено, денеска во раните утрински часови, односно во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од с.Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г.(41) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Претходна вестСанкционирани 30 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Скопје
Следна вест118 сообраќајни прекршоци во Скопје: 42 за пребрзо возење, 19 возеле под дејство на алкохол